More

    Вучиќ: Армијата нема да влезе во Косово

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да и нареди на српската војска да ја премине границата со Косово и додаде дека ќе ги повлече српските сили од областа бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за Желбата на Србија да стане членка на Европската унија.

    „Зошто ова би било корисно за Белград? Која би била идејата? Да ни се уништи позицијата што ја градевме една година? Да го уништите за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјава за Фајненшл Тајмс, а пренесува Спутник Србија.

    Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи се намалува бројот на припадниците на српските сили на теренот, тврдејќи дека лани во близина на границата имале 14.000 луѓе, денес 7.500 и дека тој број ќе го намалат на 4.000.

    Тој рече дека е „чиста лага“ дека Србија ја испраќа војската.

    „Србија нема да има корист од тоа бидејќи би ја загрозило нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија“, изјави Вучиќ.

    Да потсетиме, Владата на Косово вечерва соопшти дека внимателно и будно ги следи последните случувања околу движењето на воените единици на Вооружените сили на Србија во правец на линијата кон Косово.

    Во соопштението се додава дека движењата на српската војска биле направени од три различни правци.

    Европската унија е многу загрижена за зајакнувањето на присуството на српската армија на Косово, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

    „Распоредувањето на војската покрај преминот е многу загрижувачко и мора веднаш да се прекине. На европскиот континент нема место за зајакнување на вооружувањето и безбедносните сили. Силите треба да се повлечат“, изјави Борел пред група новинари од меѓународни медиуми.

    Неодамна се огласија и Соединетите Американски Држави, кои рекоа дека го следат движењето на српската војска кон границата со Косово и го повикаа Белград да ја прекине оваа операција, како и активно да учествува во истрагата за нападот кај Бањска. каде на 24 септември беше убиен припадник на косовската полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img