Во новото издание на емисијата „360 степени” што ќе се емитува в понеделник од 20.15 часот на МРТ 1 ќе гостува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Пред неколку дена се навршија три години откако Јанкуловска почна да ја издржува четиригодишната казна затвор за набавката на мерцедесот, предмет познат во јавноста под кодното име „Тенк”.
Во интервјуто зборува на повеќе теми: престојот и условите во затворот, неодамнешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нејзиниот однос кон и со Никола Груевски, актуелниот судир во партијата, измените во Кривичниот законик, начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 г …
– Мицкоски не ме злоупотреби со фотографијата од средбата – вели Јанкуловска за неодамна објавената фотографија на профилот на Фејсбук на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од нив двајца во партиското седиште, кога таа користеше слободен викенд.