More

    Витаминка активно се вклучи во проектот на Ротари клубот Прилеп и Пакомак

    spot_img

    Прехранбената индустрија Витаминка, активно ја поддржа реализацијата на проектот „Екологија преку иновативна технологија“ на Ротари клубот Прилеп и Пакомак, покажувајќи ја на дело сопствената општествена одговорност. Со поддршка од компанијата, за проектот се набавија и поставија две повратни вендинг машини за пластична ПЕТ амбалажа и лименки во два локални маркети на „Футура“ лоцирани во централното подрачје на градот Прилеп.

    „Станува збор за селектирање амбалажен отпад со бенефиции, на тој начин што граѓаните кои што ќе го селектираат отпадот на наведениот начин, за возврат ќе добиваат зелени поени или пари, со кои што ќе можат да пазарат во маркетите. Проектот е базиран на она што е светска пракса долги години со ред, а ќе помогне во градот и пошироко да се зајакне свеста кај популацијата за потребата од селекција на отпадот. Двете вендинг машини имаат капацитет од 450.000-500.000 шишиња и лименки на годишно ниво“, велат од компанијата.

    Проектот е одржлив бидејќи компанијата Пакомак ќе организира промоции, систем на празнење со локални трговци со отпад и техничко одржување на долг рок. Едната вендинг машина ја набавуваат Ротари клубот Прилеп, Витаминка АД, Прилепска Пиварница, Футура, Комфи Ангел и Кули, а втората е донација на Пакомак. Вкупната вредност на проектот надминува 36.000 евра.

    „Граѓаните ќе можат да ја симнат апликацијата на своите паметни телефони и со едноставна најава на вендинг машината, ќе можат да го одлагаат амбалажниот отпад. Информации за начинот на користење има на самата вендинг машина, а дополнителни информации ќе бидат споделени преку соодветни флаери кои што ќе ги добијат граѓаните со сметките од јавното комунално претпријатие. Во периодот што следи се планирани повеќе промотивни настани за овој проект, а со цел да добие на значење и успешно да се спроведува“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img