Претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски денеска откри афера со увоз на небезбедно трајно мелко од Србија во кое се забележани повисоки нивоа на афлатоксин и информира дека афлатоксин е пронајден и во свежо млеко од македонска млекарница. Тој побара брза реакција на АХВ и оставка на директорот Николче Бабовски.
Според него станува збор за 20 тони трајно млеко во кое е утврдено дека има афлатоксин. увезено е на 21 стептември годинава со трајност до 3 февруари 2024 година..
-Млекото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. И со тоа истото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните- вели Трипуновски.
Тој се повикува на резултатот од лабораторијата.
– Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија. Афлатоксините кои се пронајдени во млекото се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност- рече Трифуновски.
Тој праша – кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба, колкави количини на ова млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето?
– Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи – рече Трифуновски.
Тој додаде дека поседува и информација деа во сурово млеко во една од поголемите млекарници во земјава е детектирано повисоко ниво од дозволеното на афлатоксин М1 во млекото.
-АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија?- рече Трифуновски.
Тој апелираше граѓаните на максимална претпазливост а од Бабовски побара наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира.
-Доколку не знае како, нека си поднесе оставка – рече Трипуновски.