More

    Никогаш не е доцна: Индијка научила да чита и пишува на 92 години

    spot_img

    Деведесет и двегодишна Индијка седнала на училиште за прв пат пред шест месеци и конечно научила да чита и пишува, станувајќи пример за другите жени од нејзиното село.

    Салима Кан, родена околу 1931 година и омажена на 14 години, долго време сонувала да научи да користи бројки и букви. Кога била мала, во нејзиното село немало училиште.

    Пред шест месеци, придружувана од сопругата на нејзиниот внук, таа тргна на пат до училиште во Буландшахр, Утар Прадеш и конечно го започна своето образование заедно со осум децении помлади деца од неа.

    Приказната на Салима Кан привлече внимание откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое таа брои до 100. „Моите внуци ме измамуваа да им дадам повеќе пари бидејќи не знаев да бројам сметки“, изјави таа за Тајмс оф Индија. „Тие денови се зад нас.

    Стапката на писменост во Индија е околу 73 проценти, според пописот од 2011 година.

    Директорката на училиштето, Пратиба Шарма, рече дека наставниците првично се двоумеле околу тоа да ја подучуваат Салима Кан, но таа брзо ги убедила со својата страст за учење. „Немавме срце да ја одбиеме“, изјави Шарма за Тајмс оф Индија.

    По случајот со 92-годишна Индијка, 25 жени од нејзиното село решиле да научат да читаат и пишуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img