More

    Соопштение по одржана 11 седница на Уставниот суд

    spot_img

    Уставниот суд денеска ја одржа единаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред Судот одлучи да:

    1. У.бр.12/2021- не поведе постапка за оценување на член 28 став 8 од Законот за заштита на населението од заразни болести и да ја отфрли иницијативата во делот за член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена, донесена од Владата на Република Северна Македонија

    Подносител: Миле Бундовски од Скопје

    1. У.бр.145/2021- не донесе одлука поради недоволно мнозинство при гласањето, предметот ќе биде одлучуван  на некоја од наредните седници

    Подносители: Емилија Атанасовска-Јовановиќ од Скопје и други

    1. У.бр.17/2022- ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 9 став 1 и 3 од Законот за Фондот за осигурување на депозити

    Подносител: Перица Јакимовски од Скопје

    1. У.бр.9/2022-не поведе постапка за оценување на Член 178 ставови 1 и 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

    Подносител: Синдикат на полиција во Македонија-Скопје

    Повеќе информации за содржината на иницијативите прочитајте на веб-страницата на Уставниот суд: http://ustavensud.mk/?p=21932

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img