Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Османи ја открил вистината за бугарските барања

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бујар Османи ги потврди ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања во однос на Македонија, велат од најголемата опозициска партија во свое соопштение. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Османи во неодамнешното интервју за германски ФАЦ „ја кажа вистината и со тоа го исфрли на чистина Ковачевски кој со месеци лажеше“.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение до јавноста:

„Ковачевски пред само месец дена кога ја гласаа иницијативата за уставни измени кажа – нови барања нема, билатералните прашања не се пречка во понатамошното исполнување на условите за влез во ЕУ и ново вето нема да има. „Тоа е вистината“.

Османи со кажувањето на вистината дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања, потврди дека Ковачевски на 18 август од Собранието на Република Македонија свесно лажел.

Ковачевски на 18 август свесно сакал да ги донесе сопствените пратениците во заблуда, со лаги и конструкции.

Нема потреба од нови објаснувања и толкувања, сѐ е кристално јасно, самата влада е свесна дека турка бугарски диктат и дека бугарските барања никогаш нема да исчезнат. Затоа се потребни промени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article