Вучиќ: Ситуацијата на Косово е најкомплицирана и најопасна досега

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Serbian President Aleksandar Vucic addresses a special parliament session to inform MPs about the latest negotiating process with Kosovo at the National Assembly building in Belgrade on February 2, 2023. For months, Western envoys have been shuttling between the Serbian and Kosovo capitals in a fresh diplomatic thrust to resolve long-simmering tensions nearly 25 years after the war between ethnic Albanian insurgents and Serb forces triggered a NATO bombing campaign that ended the fighting. (Photo by ANDREJ ISAKOVIC / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека развојот на ситуацијата на Косово е најкомплициран и најопасен досега.

Тој исто така додаде дека настаните од 24 септември се најјасен показател за намерата на Приштина да спречи каков било договор со Белград и нормалниот живот на Србите на северот на Косово, соопшти неговиот кабинет.

Вучиќ за време на разговорот со министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Леке Расмусен, рече дека Србија е подготвена да работи на продолжување на дијалогот, со посредство на Европската унија и потсети дека Белград ги исполнил сите свои обврски кои произлегуваат од од Бриселскиот договор.

Тој ја истакна важноста од натамошно меѓународно присуство на Косово.

Вучиќ ги повика претставниците на меѓународната заедница да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречат опасните и неодговорни потези на Приштина, да се заштити српското население и да се повлечат припадниците на косовската специјална полиција од северот на Косово.

Share This Article