More

    Киев добива нови милијарди, „Вагнер“ веќе се врати на фронтот?

    spot_img

    Украина ќе добие 2,4 милијарди долари од НАТО наменети за клучна муниција, изјави генсекот на Алијансата, Јенс Столтенберг при денешната ненајавена посета на Киев, јавува Ројтерс. Тој рече и дека украинските сили „постепено зајакнуваат“ во контраофанзивата против Русите.

    На заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Столтенберг рече дека руските трупи се борат за „империјалните заблуди“ на Москва.

    Во меѓувреме, украинските сили тврдат дека ја пробиваат „линијата на отпорот“ кај Бахмут. Си-Ен-Ен објави ексклузивно видео од ноќен напад во близина на овој клучен град. На снимката се гледа како нешто гори.

    – Ќе ја погодиме нивната линија на фронтот и нашите момци ќе напредуваат кон непријателот – вели на снимката еден од пилотите на дронот, кој себеси се нарекува „Грув“.

     

     

    Истовремено, украинските сили тврдат дека на источниот фронт се враќаат борците на платеничката група „Вагнер“. Според Серхиј Череваџи, заменик-началникот за комуникации на украинската армија, Вагнеровците сега работат во договор со руското Министерство за одбрана.

    – Неколку стотици од нив одат во наша насока, на источниот фронт – изјави тој за Си-ен-ен.

    Истото за Си-Ен-Ен го потврдија и украинските војници кај Бахмут.

    – Вагнер е тука. Се вратија, брзо ги сменија командантите и сега се тука – рече еден од операторите со дронови.

    Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека Вагнеровците склучиле договори со руското министерство, но тој не сакал да го преувеличува нивното доаѓање на фронтот.

    – Запомнете, Вагнер повеќе не постои – истакна Подољак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img