More

    Владата ги скастри царините и ги зголеми квотите за увоз

    spot_img

    Владата на денешната седница донесе неколку Одлуки со кои се намалуваат царинските давачки од 65%, 55% и 45% на 10% за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, освен домати, краставици и пиперки, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1-ви декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар – информира министерот за економија Крешник Бектеши на денешното гостување на Телевизија 24.

    Согласно последните одлуки на Владата намалени се царините на 10% на: домат, свеж или разладен, краставици, благи и лути пиперки, кромид, праз, карфиол, брокула, главчеста салата, друга салата, моркови, модар патлиџан, тиквички. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе бидат објавени во Службен весник и ќе важи до 28 февруари 2024 година.

    Исто така, според Одлуката на Владата за дополнителни 2.000 тони од сегашните 8.000 тони се зголемени бесцаринските квоти за агруми, свежи или сушени, портокали, мандарини, клементини, грејпфрут, лимони и лимета. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе биде објавена во Службен весник и важи до 31 декември 2023 година.

    Според анализите на Министерството за економија, има зголемен извоз на земјоделски производи од нашата земја, што се надополнува од увоз од соседните земји, што на крај влијае негативно кај домашните потрошувачи преку повисоки цени.

    – Заради тоа што сме обврзани за тој недостаток да го покриваме преку увоз. Во моментот кога се прави увоз во овој период, за овие производи има царинска давачка од 65%. На пример ако еден земјоделски производ чини 100 денари при увоз, увозна цена, директно станува 165 денари, без никакви маржи да имаат трговците на мало или трговците на големо. Зошто е тоа направено, заради што имаме систематски пропусти и во таа насока треба и Министерството за земјоделство, секако во соработка со нас и со Министерство за финансии, да ги усогласиме овие давачки, бидејќи крајната цел е граѓаните да плаќаат пониски цени. А, ние тоа можеме да го направиме, во регионот сме конкурентни и секако дека во таа насока и работиме – рече Бектеши.

    Министерот Бектеши информираше дека е донесена и Одлука да се зголемат дозволените квоти за увоз на јужно овошје во Македонија, со што очекува да се намалат цените на овие продукти во текот на годината.

    – Зголемени се квотите за лимони, портокали, мандарини. Наместо 8.000 тони за јужно овошје, се зголемува за 2.000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме пониски цени – рече Бектеши.

    Тој потенцираше дека со цел да се почитуваат одлуките на Владата инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се постојано на терен и дека изминатите неколку дена се затворени повеќе маркети во Куманово, Тетово, Гостивар и Струга кои не ги почитувале одлуките на Владата и не ги намалиле цените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img