Сите зборуваат за „тенкот“ со кој кошаркарот Лука Дончиќ пристигна во САД, откако претходно беше во Словенија поради Мундобаскетот. Еден од најдобрите НБА играчи, 24-годишната ѕвезда на Далас, вози „Apocalypse Hellfire 6×6 Super Truck“ произведен од компанијата „Jeep“.
Автомобилот има дури 850 коњски сили, а 100 километри на час постигнува за 3,7 секунди. Наводно, досега ширум светот се продадени само 150 вакви возила, а Лука Дончиќ можеби е најдобрата реклама за автомобил кој многу личи на блиндирано возило.
Официјалниот профил на Далас сподели видео на кое се гледа како играчите пристигнуваат во салата, а пет-шест секунди словенечкиот кошаркар е во крупен кадар. Дончиќ многу лежерно, во влечки, шорцеви и маичка, излегува од возилото, а потоа зема некои ситници и оди во салата каде што го поминува поголемиот дел од сезоната.
Меѓу другото, Словенецот поседува и луксузно Lamborghini Urus, но неговиот „тенк“ привлекува многу поголемо внимание
Инаку, Дончиќ во новата сезона ќе има големи амбиции со Далас Маверикс, откако на Светското првенство во Манила не оствари импресивен резултат во дресот на Словенија. На другата страна на светот, во дресот на овој тим од Тексас отј ќе се обиде да дојде до својот прв шампионски прстен.