More

    Се урна хеликоптер во Грција (ВИДЕО)

    spot_img

    Хеликоптерот се урнал во близина на северниот брег на грчкиот остров Евија, во централниот дел на земјата. Не е познато колку луѓе имало во хеликоптерот и дали преживеале.

    Според грчкиот весник Екатимерини, спасувачките операции се во тек.

    Несреќата се случила во момент кога врнел силен дожд, кој од вчера паѓа во северниот дел на Евија и централна Грција.

    Државната телевизија ЕРТ соопшти дека се работи за хеликоптер на цивилната авијација А-109 кој полетал утрово во 10:13 часот по локално време од Мантуди на Евија, а неговата крајна дестинација требало да биде индустриската зона во Волос.

    Според очевидци на местото на настанот, хеликоптерот се свртел, а набргу потоа паднал во морето, кога се слушнал силен звук.

    Контролната кула изгубила контакт со хеликоптерот околу половина час пред несреќата.

    На местото на несреќата излегоа регионалниот гувернер на Централна Грција, Фанис Спанос, заменик-регионалниот гувернер на Евија, Јоргос Келаидис и градоначалникот на Мантуди.

    На видеото се гледа моментот кога хеликоптерот паднал во морето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img