Претседателот на самопрогласената Република Нагорно Карабах, Самвел Шахрамањан потпиша указ за распуштање на сите институции од 1 јануари следната година, соопштија денеска властите на тој мнозински ерменски регион.
Таа самопрогласена република ќе престане да постои од тој датум, според декретот, пренесува Ројтерс.
Потсетиме дека во вторникот, на 19 септември, Азербејџан објави дека започнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, планински регион за кој двете земји спорат.
Следниот ден, имаше прекин на огнот во Нагорно-Карабах, бидејќи ерменските сепаратисти се согласија да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на оваа територија во Азербејџан.