More

    Тинејџер избодел до смрт 15-годишна девојка пред трговски центар во Лондон

    spot_img

    Тинејџер избодел 15-годишно девојче до смрт со мачета „по расправија која започнала со обидот да ѝ подари цвеќе“ во автобус до нејзиното приватно училиште во Кројдон, Велика Британија.

    Полицајците отишле да истражат пред трговскиот центар Витгифт околу 8.30 часот.

    Службите на Брзата помош во Лондон се бореле да го спасат животот на 15-годишната девојка, но била констатирана смрт на местото на настанот 50 минути подоцна во 9.21 часот.

    Очевидец тврди дека видела млад човек и девојка како се расправаат кога девојката рекла дека „не сака повеќе да излегува со него“.

    – Стана многу насилен и извади долг нож, како меч или мачета, па ја избоде – рекла таа.

    Еден сведок рече дека девојката одбила цвеќе од момчето со кое раскинала претходниот ден, неколку моменти пред тој да ја избоде.

    Полицајците од Скотланд Јард и британската транспортна полиција му влегле во трага на тинејџерот. Тој е уапсен околу 9 часот и 45 минути во областа Кројдон.

    Од Јавниот превоз на Лондон потврдија дека прободувањето со нож не се случило во автобусот.

    Очевидци на нападот ја опишаа сцената на ужасот.

    Еден сведок изјави дека откако момчето станало насилно и ја избодел девојката, па морал да го тргне погледот бидејќи од нејзиниот врат течело многу крв.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img