Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека во вторник ослободило четворица осомничени во случајот во Бањка во Звечан, бидејќи според нив немало доволно докази за нивната вмешаност во случајот, објави приштинска Коха.
Според Обвинителството, ослободените осомничени се уапсени далеку од местото на настанот, пренесува Нова.рс.
„Ве информираме дека четири лица кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на инцидентот, вчера (26.09.) беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово во отсуство на докази од косовската полиција“, се вели во средата Обвинителството, пренесено од Коха.
Косовската полиција уапси осум лица во врска со вооружениот напад што се случи во неделата во Бањска во Звечан, каде беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку.