Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека пред три ноќи мигранти со автоматско оружје ја нападнале заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија.
„Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи со автоматско оружје беше нападната заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон“, напиша Орбан на Твитер.
Тој додаде „дека е време да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна“.