More

    Од денеска пијалаците поевтинуваат до 30%

    spot_img

    „Гарантираната цена“ која веќе се применува кај повеќе од 50 производи од пекарската, млечната и месната индустрија, од денеска ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Покрај ова се намалува и профитната маржа за овошјето и зеленчукот, во малопродажба и големопродажба.

    Со овие мерки, надлежните очекуваат намалување на цените на прехранбените производи од 10 до 30% и стабилизирање на инфлацијата до крајот на годината.

    Највисоките цени кај безалкохолните пијалоци, со исклучок на енергетските пијалоци, се утврдени на ниво на цените што се применувале на 19 септември, а гарантираните цени ќе важат до 30 ноември годинава.

    Трговците на мало се должни да ги сменат цените на овие производи и да ги одбележат со натписот „гарантирана цена“.

    Од Стопанската комора на Македонија откако викендот по инспекциските контроли беа затворени маркети во Скопје и Струга, се пожалија дека трговците немале доволно време да ги усогласат цените бидејќи станува збор за околу 1.200 артикли.

    – Затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените, изјави извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев во понеделникот.

    Покрај гарантираната цена за безалкохолните пијалоци, Владата вчера донесе одлука и за намалување на профитната маржа за овошјето и зеленчукот, во малопродажба и големопродажба. Во трговијата на големо таа се утврдува во вкупен износ до 10 проценти, а во трговијата на мало во износ од 15%.

    Во следниот период ќе се намалат и увозните давачки на свежиот зеленчук, оризот, портокалите, лимоните, мандарините, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост повеќе од 10%.

    Следниот месец, според најавите на Владата, ќе бидат направени и анализи за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img