More

    Џафери изјави дека нема никаква вистина во тврдењето дека примил каков било допис или материјал од поранешниот премиер Груевски, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик

    spot_img

    Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Собранието изјави дека нема никаква вистина во тврдењето дека примил каков било допис или материјал од поранешниот премиер, Никола Груевски, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

    – Нема никаква вистина во тоа дека претседател на Собранието од екс-премиерот примил каков било допис и или каков било материјал. Тое е невистина којашто само служи за дневно-политички цели – рече Џафери, одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој истакна дека Собранието добива материјали од овластени предлагачи, во форма која е пропишана со Деловникот.

    – Не би сакал да користам несоодветни зборови, коишто ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираа во јавноста – рече Џафери.

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, и уште едно лице, кое не го именуваше и кое им го доставило тој материјал во партијата.

    Притоа, Николоски покажа УСБ, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од УСБ-то.

    Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Никола Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Ова е тоа фамозно УСБ стикче на коешто ги има измените на КЗ. Овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и до трета адреса од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img