More

    Шокантна исповед на актерката Даниела Вестбрук

    spot_img

    Британската актерка Даниела Вестбрук не престанува да привлекува внимание со својата појава на плажа.

    Таа веќе со месеци престојува на плажа и закрепнува од бројните естетски операции.

    Фотографиите кои редовно се појавуваат во јавноста не престануваат да ги шокираат луѓето, а Даниела со оглед на своите потези, се чини дека ужива во ова внимание кое го добива.

    Напорно се труди да изгледа помладо отколку што е, а многумина коментираат дека е во кризи на средните години.


    Се чини дека таа долги години консумирала кокаин, а сето тоа сега и тоа како ѝ се забележува. Лицето поприлично ѝ има чуден облик, а сето тоа е проследено со бројни естетски корекции.

    Многумина се прашуваат што се случува со нејзиниот љубовен живот и како тоа таа секогаш се појавува сама во јавноста. Меѓутоа, 49-годишната жена имала низа неуспешни врски во текот на годините и сега треба да се венча за својот вереник по шест години врска.

    Даниела ја шокирала јавноста со својата книга во која проговорила за тоа дека наводно консумирала кокаин додека го раѓала својот син, но и дека во 90-тите години ја силувале 48 часа затоа што должела пари.

    Пред објавувањето на книгата овој страшен настан не го знаел ниту нејзиното семејство ниту пријателите кои биле изненадени по читањето на спомнатите фрагменти.

    „Им должев пет илјади фунти. Влегоа во мојот дом и бараа пари кои ги немав. Тогаш ме киднапираа, ме однесоа во стан во близина на мојата куќа и ме силуваа 48 часа. Се менуваа, ме дрогираа за да не можам да побегнам“, напишала таа во своите мемоари и додала дека досега наводно потрошила околу 250.000 евра на недозволени супстанции.

    „Се дрогирав и додека бев бремена. Се породив на подот од тоалетот кога почнаа болките, тогаш консумирав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, изјавила таа во претходни интервјуа.

    Поради консумирањето кокаин таа добила девијација на септумот, по што носот почнал да ѝ се „распаѓа“.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img