More

    Наши војници ќе одат на алпинистичка обука во Норвешка

    spot_img

    Норвешка ќе ѝ донира повеќе од 70 воени возила на АРМ, најави денеска норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам на заедничката прес-конференција во Скопје со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

    – Норвешка исто така поддржа неколку програми во одбранбениот сектор во Северна Македонија за унапредување на родовите прашања, за проект за борба против корупцијата и интегритетот во одбраната. Очекуваме да ја продолжиме оваа соработка и во соработката со инженерскиот баталјон, како и во однос на зимската обука, алпинистичка обука. Исто така сме дел од балканските медицински воени сили и разговаравме уште повеќе да ги интегрираме, да ја зајакнеме соработка помеѓу нашите сили во регионот – нагласи норвешкиот министер на прес-конференцијата во Министерството за одбрана.

    Министерката Петровска потсети дека Северна Македонија постојано инвестира во одбраната и оти е планирано следната година да го достигне сега минилниот праг од два проценти од БДП за одбранбениот буџетот, од кој над 30 отсто ќе бидат наменети за модернизација на силите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img