На социјалните мрежи се појави видео на коешто се гледа како 69-годишниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган игра кошарка со пратениците.
Сепак, за разлика од нашиот прв вицепремиер Артан Груби кој обично игра кошарка во својата канцеларија, Ердоган тоа го прави во спортска сала, каде што, впрочем, му е местото на спортот.
Видеото е старо два месеца, но сега започна масовно да се споделува на социјалните мрежи и во медиумите.
Се наведува дека натпреварот се одиграл во салата што се наоѓа во рамките на претседателскиот комплекс во Анкара.