More

    Бајден доби нова доза од вакцината против корона вирусот

    spot_img

    80-годишниот американски претседател Џозеф Бајден примил уште една доза од вакцината против корона вирусот, како и годишната вакцина против сезонскиот грип, соопшти денеска неговиот лекар.

    „Како што влегуваме во сезоната на настинки и грип, претседателот ги охрабрува сите Американци да го следат примерот“, рече личниот лекар на Бајден, Кевин О’Конор.

    Во САД минатата недела беа одобрени ажурирани верзии на вакцините од Pfizer и Moderna, кои се подобро прилагодени на варијантите на вирусот што моментално се во оптек.

    Бројот на хоспитализации поврзани со коронавирусот се зголеми во САД во последните недели.

    Успехот на новата кампања за вакцинација е неизвесен бидејќи само 17 отсто од Американците ја примиле претходната доза од вакцината против корона вирусот.

    Фото: Архива

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img