Неколку пожари беснеат на Сицилија, а најлош е во туристичкиот град Чефалу, каде една жена загина. Пожарите се заканиле и на еден од локалните хотели, поради што пожарникарите морале да евакуираат околу 700 туристи во петокот навечер. Пожари беснеат и недалеку од Палермо.
Во петокот вечерта во пожар во градот Чефалу загина 42-годишна жена, која заедно со својот татко и брат тргнала да ги спаси коњите од запалена штала, јавува австриската агенција АПА.
Пожари беснеат и недалеку од Палермо. При гаснењето, покрај пожарникари, учествуваат и авиони.
Тоа лето Италија се бореше со многу пожари, кои однесоа неколку животи и предизвикаа огромни штети. Неколку пожари избувнаа и на Сицилија. Во јули поради пожарот привремено беа затворени аеродромите во Палермо и Катанија.