Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информираше УХМР.
„Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината и утре во одредени региони ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. Под влијание на влажен бран во недела на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопската Котлина во недела попладне ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и малку посвежо“, информираше УХМР.