More

    Мајкл Кејн објави крај на кариерата: „Имам 90 години, повеќе не можам нормално да одам“

    spot_img

    Познатиот актер Мајкл Кејн (90) објави крај на својата голема кариера.

    Во интервју за The Telegraph по повод почетокот на прикажувањето на неговиот нов филм „The Great Escaper“ тој зборуваше за својата кариера и изјави дека овој филм може да му биде последен.

    Заплетот на филмот е заснован на вистинска приказна за ветеранот од Втората светска војна, Бернард Џордан, кој бега од својот дом за да присуствува на прославите на Денот Д во Франција.
    Кејн истакна дека многу му се допаѓа овој филм како и ликот што го толкува.

    Тој вели дека пред три години, на почетокот на Ковид, мислел дека завршил со снимање филмови, но тогаш се појавила можноста да го глуми Бернард.

    И покрај сите тешкотии, тие успеаја да снимат уште еден филм, но по се изгледа ќе му биде последен.

    „Имам 90 години, веќе не можам нормално да одам. Го имав животот за кој сонував. Најдобрата сопруга и семејство“, рече тој.

    Партнерка на Кејн во филмот е Гленда Џексон, која почина пред три месеци, само неколку месеци по снимањето на филмот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img