Во Србија за седум дена се регистрирани 2.803 случаи на коронавирус, објавено е на веб-страницата kovid19.rs.
Во тој интервал биле тестирани 13.297 лица, соопшти Министерството за здравство на Србија.
Пресекот за ковид се објавува на секои седум дена, а денешните податоци се за периодот од 14 до 21 септември.
На 14 септември на веб-страницата kovid19.rs беше објавено дека во претходните седум дена се регистрирани 1.529 заболени од коронавирус и дека се тестирани 7.437 лица.
На 6 септември властите објавија дека во Србија пристигнала нова варијанта на коронавирусот и дека е потврдено присуството на омикронската подваријанта ЕГ.5 наречена Ерис.
На 7 септември на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија беше објавено дека во претходните седум дена, 964 лица од 5.647 тестирани се заразени со Ковид.