More

    Високите каматни стапки ја намалија побарувачката

    spot_img

    Цените на станбените недвижности во Германија нагло паднаа во вториот квартал, покажуваат податоците на германскиот Заводот за статистика. Падот на цените на недвижностите доаѓа како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката. Цените на недвижностите паднаа во периодот од април до јуни за 9,9% во споредба со истиот период минатата година, што е најзабележително намалување откако Дестатис почна да собира податоци во 2000 година.

    На квартално ниво тие се намалени за 1,5%. Во градовите како Берлин, Хамбург и Минхен становите се поевтини за 9,8% во однос на вториот квартал од минатата година, а семејните куќи за 12,6%. Поблаг пад на цените е забележан во ретко населените рурални средини каде становите поевтинија за 7%, а семејните куќи за 8,1%.

    Цените на станбените недвижности во Германија паѓаат од крајот на минатата година, покажуваат податоците на Дестатис, кои откриваат продлабочување на падот, за 3,6% во четвртиот квартал од минатата година и за 6,8% во првите три месеци од оваа година.

    Падот на цените го одразува слабеењето на побарувачката под притисок на високите каматни стапки, што го натера водечкиот германски инвеститор за недвижнини Vonovia да ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови.

    Компанијата ги истакнува и високите трошоци за изградба кои се зголемени од околу 3.000 евра на околу 5.000 евра за метар квадратен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img