More

    Паѓаат маските во затворен простор – Исклучок се болниците, аптеките, старечките домови и јавниот превоз

    spot_img

    На денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести ја разгледавме епидемиолошката состојба во земјава и заклучивме дека е време да предложиме укинување на носењето заштитни маски во затворен простор, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

    Тој истакна дека укинувањето на забраната за носење маска во затворен простор нема да важи во здравствените установи, во јавниот превоз, старечките домови и во аптеките.

    – Сегашните услови ни даваат право да предложиме олеснување на мерките, па сите на денешниот состанок се согласивме дека треба да ја укинеме мерката за задолжително носење заштитни маски во затворен простор. Сепак, мерката сѐ уште ќе продолжи да важи во здравствените установи, во јавниот превоз, во старечките домови и во аптеките. Значи, во овие четири затворени објекти останува задолжителното носење маски. Во сите останати затворени простори маските можат да се носат само по желба на луѓето, но задолжително носење маски не се практикува – објасни Петличковски.

    Тој рече дека на денешниот состанок била донесена и уште една одлука.

    – Го укинуваме епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите. Ова се крупни промени и се носат врз основа на нашата проценка на епидемиолошката состојба во државата. Нашите препораки уште денеска ќе бидат испратени до главниот кризен штаб на Владата – рече Петличковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img