More

    Во голема акција на италијанската полиција против Ндрангета, уапсени се повеќе од 50 лица

    spot_img

    Во петокот, карабинерите уапсија 52 лица во операција насочена против мафијашката организација Ндрангета.

    Во акцијата наречена „Карпантос“ учествувале повеќе од 400 полицајци, пренесува АНСА.

    Уапсени се осомничени за кривични дела како мафијашко здружување, трговија со дрога, уцени, грабежи и перење пари.

    Од уапсените, 38 се однесени во затвор, шестмина се во домашен притвор, додека осум ќе треба редовно да се јавуваат во полиција.

    Ндрангета се смета за најмоќната криминална организација во Италија, пред се поради кокаинот што го снабдуваат во Европа, а чија дистрибуција се прошири и надвор од границите на Италија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img