Уште еден ден, уште едно промашување за американскиот претседател Џо Бајден. Говорејќи пред Институтот на хиспанска група во Конгресот, тој наместо Хиспаноси, рече дека се работи за „црната група на Конгресот“. Во брзање Бајден не се обиде да го поправи реченото, пишува ЊујоркПост.
На средбата 80-годишниот Бајден ја прогласуваше наградата на Институтот која ѝ припадна на сестра Норма Пиментал, извршната директока на Католичките добротворни организации од долината Рио Гранде.
– Знам дека сестра Норма ги живее лекциите на кои калуѓерките ме научија додека растев. Лекции засновани на Евангелието по Матеј: хранете ги гладните, грижете се за болните, пречекајте странци. Тие го повторуваат она што ме научи татко ми, и ова искрено го мислам, татко ми велеше: „Секој, секој има право да биде третиран со достоинство и почит – рече Бајден и додаде:
– Црната група во Конгресот ги отелотворува сите тие вредности.
Гафот на Бајден доаѓа една недела откако тој беше „на тапет“ затоа што тврдеше дека работниците кои се Афроамериканци или Хиспаноси немаат „дипломи од средно училиште“.
– Посебно видовме рекордно ниско ниво на невработеност, и јас се фокусирав на ова низ целата моја кариера, особено за Афроамериканците и хиспанските работници и ветераните, знаете, тоа се работниците без диплома за средно образование – рече тој за време на настан во колеџот Принц Џорџ во Мериленд минатата недела.
Бајден во четвртокот се пофали со бројот на членови на Хиспанците во неговиот кабинет и ја презеде заслугата за „рекордно ниската“ невработеност на Латиноамериканците и другите економски придобивки во шпанската заедница под негова контрола.
Речиси две третини од гласачите од Хиспаносите, поточно 60 отсто, не го одобруваат работењето на Бајден како претседател, според анкетата на „Пју Рисрч“ во јуни.