More

    Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство

    spot_img

    Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство. Ова, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, е најнова од серијата одлуки за славење на македонската култура во САД овој месец, меѓу кои од градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон и од гувернерката на сојузната држава Мичиген Гречен Витмер.

    – Илиноис е дом на многу македонски Американци кои придонесуваат културно, економски и филантропски – се вели во одлуката.

    Во неа пишува дека „бројни вредни македонски доселеници помогнаа да се одржи американскиот претприемачки дух и се дел од историјата и културата на Чикаго“.

    Гувернерот наведе и успешни македонски Американци со бизнис во Чикаго, меѓу кои бизнисменот Мајк Зафировски, поранешен извршен директор на „Моторола“ и „Нортел“, Дино Делевски, основач и тренер на младинската фудбалска организација „Чикаго Инферно“, и повеќе други.

    Илиноис е втора сојузна држава во САД што го прогласи септември за месец на македонското наследство.

    Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, ја прогласи минатата сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство, кога македонското знаме се крена на Вол Стрит по повод 32 години независност. Овие резолуции и прокламации се на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД).

    Во јули републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Браун, поднесе резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат, но нема информации за нејзиниот сегашен статус. На оваа резолуција се спротивставија здруженија на Бугарите во САД, како и официјална Софија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img