Во петокот рано наутро по средноевропско време се одржа првиот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Јапонија во шампионатот во Формула 1. Убедливо најбрз беше лидерот во генералниот пласман и актуелниот шампион – Макс Верстапен.
Следете ја Формула 1 во живо исклучиво на каналите на Sport Club.
Холанѓанецот постигна време од 1:33.597 и дури 0,6 секунди беше побрз од Карлос Саинц Јуниор, победникот на трката во Сингапур минатата недела, како и од третопласираниот Ландо Норис.
Токму минатонеделната трка во Сингапур, на која беше прекината серијата од девет победи на Версатпен, како што стојат работите, дополнително го мотивираше Холанѓанецот. Тој беше целосно надминат на тврди гуми и од самиот старт немаше вистинска конкуренција на Сузуки …
Меѓу десетте најбрзи се најдоа и Чарлс Леклер, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо, Оскар Пјастри, Александар Албон, Лиам Лосон и Ленс Строл, додека Мексиканецот „Чеко“ Перез постигна само 11-то најбрзо време во ФП1.
Големо водство на чело во генералниот пласман има Верстапен со 374 бодови, а зад него е тимскиот колега од Ред Бул Серхио Перез со 223. На третото место е поранешниот шампион Луис Хамилтон со 180.