Лионел Меси пред неколку дена реши да ја избричи брадата, а тој потег на социјалните мрежи предизвика лавина реакции.
По враќањето од репрезентативните обврски на Аргентина, најдобриот фудбалер досега се врати во таборот на Интер Мајами и изненади со својот изглед.
Меси пристигна во САД без брада, а неговите фанови тврдат дека тоа може да значи само едно. Тие веруваат дека Аргентинецот речиси сигурно е добитник на Златната топка и дека ја избричил главата за фотосесија за Франс Фудбал.
Истата ситуација се случи пред две години кога Меси ја освои седмата Златна топка додека играше за ПСЖ. А потоа се појави во Париз без брада, а тоа беше потврда дека ќе биде најдобриот играч на светот.
Доделувањето на наградата ќе се одржи на 30 октомври.