More

    Бугарскиот парламент изгласа нови правила за добивање пасош

    spot_img

    Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство, стои во предложените законски измени кои ги изгласа бугарскиот парламент со 102 гласа „за“ и речиси без дебата, а на предлог на група пратеници. Меѓу нив е и Костадин Костадинов, лидерот на контроверзната партија „Преродба“.

    Истовремено, при поднесување барање за бугарско државјанство на основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на апликантот да починал како бугарски државјанин, пишува бугарски Њуз. Лицето ќе треба да има чисто криминално досие и тоа не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење.

    Новите услови важат за сите барања, освен ако Република Бугарија одлучи дека е во посебен интерес да му додели државјанство на тоа лице или кога лицето има посебни заслуги за истото.

    Ново е и дека ќе може да се поднесе барање за државјанство по однос на натурализација, а лицето ќе треба да поднесе молба за откажување од тековното државјанство.

    Исто така, се предлага да се скрати периодот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се унифицираат условите за стекнување бугарско државјанство при брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница но кој нема да биде применлив доколку се покаже дека бракот е фиктивен, – во таков случај бугарското државјанство ќе биде одземено.

    Планирано е лицата кои се стекнале со бугарско државјанство да ги добијат уверенијата на посебна официјална церемонија според предлог-законот на Радомир Чолаков и група народни претставници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img