Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи упати забелешка бидеќји до албанскиот Еди Рама кој претседаваше со вчерашната дебата на Советот за безбедност во ОН, во кое својство на седницата е македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој е актуелен претседавач до ОБСЕ.
– Врз која основа го поканувате министерот за надворешни работи на Северна Македонија на денешната средба во својство на претседавач со ОБСЕ“?, праша рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи.
Реакцијата на премиерот Рама беше експресна: „Не знам што е проблемот, бидејќи ОБСЕ игра важна улога и е тука благодарение на нивниот придонес. Да, претставникот овде е Албанец од Северна Македонија, но кога би ви било појасно што е проблемот, со задоволство би ве послушал“.
– Се спротивставивме на присуството на ова ниво и ова вчера му го соопштивме на албанското претседателство – рече Небензи.
Во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, а во рамки на 78-то Генерално собрание на ОН кое оваа недела се одржува во Њујорк.
Зборувајќи за актуелните безбедносни предизвици, Османи повторно се осврна на агресивната војна на Руската Федерација против Украина, истакнувајќи дека заедничката потрага по мир зависи од нашиот колективен ангажман.
– Војната претставува најголемо прекршување и оспорување на меѓународните правила и обврски кои беа напишани и потпишани од истата Русија која сега со презир ги гази. Таа ги уништува не само животите и средствата за живот во Украина, домовите и надежите на луѓето, туку и надвор од тоа, влијае и на животите на луѓето многу подалеку од Русија – рече Османи.