На 17 септември, 46-годишниот Горан Врбанац исчезна во Германија откако наводно доживеал сообраќајна несреќа со неговото сребрено Audi A3.
Како што дознава магазинот Феникс, Хрватот живее во германскиот Фројденштад (Баден-Виртемберг). Во саботата го започна патувањето за Загреб. Тој контактирал со семејството до 17 часот. Во неделата наутро ги контактирал од болница и рекол дека доживеал сообраќајна несреќа.
„Од тогаш му се губи секоја трага и не ја знаеме точната локација“, велат од семејството и објасниле дека Врбанац немал време да даде повеќе детали бидејќи разговорот бил прекинат.
На страницата Исчезнати полицијата објави негова фотографија и опис. Врбанец е висок 185 см, со средна градба, кафени очи и овално лице.
Има и тетоважа со трилисна детелина со натписот Патрик на левата нога.