More

    Премиерот Ковачевски на средба со раководството на корпорацијата „Енвидија“ (NVIDIA)

    spot_img

    Во рамки на работната посета на Њујорк, претседателот на Владата Димитар Ковачевски оствари средба со Кеит Стриер, потпретседател на корпорацијата „Енвидија“ (NVIDIA), одговорен за вештачка интелигенција.

    На средбата со Стриер, премиерот Ковачевски разговараше за интересот на Владата за изградба на инфраструктура за поддршка на примената на нови дигитални технологии вклучително и вештачката интелигенција од страна на јавниот сектор и економските субјекти во државата. Овој инфраструктурен проект за воведување на новите дигитални технологии и вештачка интелигенција меѓу другото ќе ги адресира и прашањата на националната безбедност, индустрискиот иновациски развој, степенот на безбедноста и брзината на услугите.

    Овие разговори се продолжение на започнатите разговори на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на планот на поддршката на развојот и употребата на нови дигитални технологии и вештачка интелигенција во јавниот сектор.

    „Енвидија“ е технолошки гигант, најголемиот производител на чипови во светот на вештачка интелигенција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img