More

    Пендаровски учествуваше на дебата во Њујорк

    spot_img

    Најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина – рече претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност во Советот за безбедност.

    – Единствениот начин да се постигне оваа цел е преку дипломатија и преговори, засновани на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници. За таа цел, првиот чекор треба да биде итно и безусловно примирје, за да се создаде амбиент за почеток на преговорите – рече Пендаровски на дебатата на

    тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективна мултилатералност: одржување на мирот и безбедноста во Украина“.

    Во текот на целиот процес, смета македонскиот претседател, Обединетите нации треба да воспостават мировна мисија со главна задача да го надгледува примирјето и хуманитарната помош за цивилите.

    – Клучните компоненти на идниот мировен договор треба да бидат, прво, целосно почитување на територијалниот интегритет на Украина, целосно повлекување на руските трупи, овозможување на враќање на сите бегалци и внатрешно раселени лица во нивните домови, голема поддршка за постконфликтна обнова на уништената земја и меѓународни гаранции за правата на сите етнички и верски заедници кои живеат во Украина со векови – рече Пендаровски на отворената дебата на Советот за безбедност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img