More

    Лавров го започна својот говор со предупредување

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати пред Советот за безбедност на ОН, каде што се одржува седница за Украина и предупреди дека расте опасноста од глобален конфликт.

    – Опасноста од глобален конфликт расте. Токму поради тоа, за да се намали тој ризик и да се стават настаните на мирен колосек, Русија инсистираше и инсистира да се почитуваат и применуваат сите принципи на Повелбата на ОН, не селективно, туку целосно и во меѓусебна врска, вклучително и принципите на суверена еднаквост на државите, немешање во нивните внатрешни прашања, почитување на територијалниот интегритет и правото на народот на самоопределување – рече Лавров.

    Тој исто така рече дека денес Западот се свртува кон принципите на Повелбата на ОН „само во согласност со своите себични геополитички потреби, а тоа неминовно води до глобална дестабилизација“.

    Лавров нагласи дека по крајот на Студената војна, колективниот Запад, предводен од САД, „произволно го презеде чинот на арбитер на судбините на целото човештво и, зафатен од комплексот на исклучителност, почна сè повеќе да го игнорира наследството на основачите на Обединетите нации“.

    Според него, поддршката што Западот ја дава, како што рече, „на режимот во Киев по референдумот на Крим и Донбас е кршење на принципот на самоопределување“.

    Лавров истакна дека Русија не ги отфрла преговорите за Украина.

    Обраќајќи му се на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Лавров потсети дека украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се забрануваат преговори.

    – Ако сакаат САД можат да му наредат на Зеленски да го укине декретот за забрана на дијалогот со Москва – рече рускиот министер.

    Шефот на руската дипломатија додаде дека Западот избегнува суштинска дискусија за причините за конфликтот во Украина бидејќи нема валидни аргументи.

    – Денес реториката на нашите противници се состои само од паролите: „инвазија“, „агресија“, „анексија“. Нема збор за основните причини за проблемот, за тоа како тие со години внимателно го поддржуваа нацистичкиот режим, кој отворено ги ревидираше резултатите од Втората светска војна и историјата на сопствениот народ. Суштински разговор, заснован на факти и почитување на сè што е предвидено во Повелбата на ОН – Западот избегнува. Очигледно е дека немаат валидни аргументи – рече Лавров.

    Тој потсети дека САД и нивните сателити грубо и отворено се мешаат во внатрешните работи на Украина од распадот на СССР.

    – Западот сноси директна одговорност за уништувањето на Украина и разгорувањето на граѓанската војна – нагласи тој.

    Тој потсети дека на крајот на 2013 година, заменичката-државна секретарка Викторија Нуланд „јавно призна дека Вашингтон потрошил пет милијарди долари за поддршка на западните послушници во Киев“.

    Сите факти за украинската криза се познати, само тие се обидуваат да поминат преку нив, да ја укинат целата историја до 2014 година, рече тој.

    Лавров посочи и дека шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, предлага „нацистите да бидат примени во Унијата преку ред, додека Србија и Турција треба да чекаат со децении“.

    Според него, Советот за безбедност на ОН е должен да ги процени хуманитарните последици од санкциите наместо да ги разгледува нацрт-резолуциите за рестриктивни мерки.

    – Би било коректно пред да се претстават какви било нацрти за санкции до Советот за безбедност на ОН, да се направат проценки за нивните последици наместо демагошките тврдења на западните колеги дека „обичните луѓе нема да бидат погодени“ – рече тој.

    Лавров го бранеше и правото на вето на Русија во Советот за безбедност како одговор на повикот на Зеленски на земјата да ѝ се одземе тоа право поради инвазијата врз Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img