Руско беспилотно летало удрило во автомобил на екипажот на шведскиот канал ТВ4 во регионот Запорожје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руско беспилотно летало удрило во автомобил на екипажот на шведскиот канал ТВ4 во регионот Запорожје, пренесува „Украинска правда“.

Репортерот Јохан Фредриксон и фотографот Даниел Здолшек не се повредени во нападот. Нападот се случил вчера околу 11:30 часот по локално време. Локалните медиуми посочуваат дека нападот бил извршен и покрај тоа што медиумските работници носеле елеци и шлемови со натписот „ПРЕС“. Автомобилот бил погоден неколку моменти откако тие излегле од него.

– Овој пат имавме среќа. Рускиот дрон удри директно во задната врата од нашиот автомобил. За среќа, немаше никој во автомобилот – рекол Фредриксон.

Во нападот полесно е повреден украинскиот продуцент Олександр Павлов, а ранети се и двајца украински полицајци кои ја придружувале екипата на ТВ4.

Во нападот целосно се уништени автомобилот и опремата за снимање. Во извештајот се наведува дека вработените во ТВ4 планирале да снимаат прилог за украинската контраофанзива. Патувањето во оваа област било планирано и организирано од локалната полиција. Тимот на ТВ4 има завршено неколку обуки за безбедност, а Фредрикссон повеќе од триесет години ги следи настаните од геополитичките жаришта.

Share This Article