More

    Гласините за здравјето на Кадиров се сѐ погласни

    spot_img

    Сѐ повеќе се множат шпекулациите за здравјето на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Разни извори на интернет тврдат дека тој е сериозно болен и се лечи во Москва, а некои дури велат тој е мртов, пишува Њузвик.

    Најпрвин, минатата недела портпаролот на украинското воено разузнавање, Андриј Јусов, изјави за белорускиот информативен сајт Некста дека чеченскиот лидер бил болен „долго време“ од „системски здравствени проблеми“.

    Украинското онлајн издание „Обозревател“ објави дека Кадиров паднал во кома и бил пренесен во Москва каде барал лекување. Во понеделникот беше објавено дека тој бил подложен на трансплантација на бубрег и дека е во „критична состојба“.

    Како додаток на целата мистерија беа видеата објавени на каналот Телеграм на Кадиров во текот на викендот, во кои беше тој се снима како шета во природа на неодредена локација. Политичкиот коментатор Антон Герашченко на Х напиша дека не е јасно кога првично било снимено видеото.

     

     

    Интригата се наголемуваше и кога каналот „l VChK-OGPU“тврдеше, без да обезбеди докази, дека има внатрешни информации од руските безбедносни сили дека Кадиров „жив го закопал“ својот личен доктор Елхан Сулејманов, бидејќи бил убеден дека Сулејманов се обидел да го отруе.

    Имаше и други непотврдени извештаи дека чеченскиот лидер починал.

    „Кадиров почина“, напиша чеченскиот активист за права Абубакар Јангулбаев на својот канал Телеграм во неделата, без да понуди дополнителни информации.

    Канал на Телеграм на руски јазик со повеќе од 224.000 претплатници во неделата објави дека Кадиров починал за време на викендот, а украински медиум објави рано во неделата дека чеченскиот лидер починал во саботата вечерта без да обезбеди потврдни информации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img