More

    Комисијата за заразни болести со препорака за заштита од ковид-19

    spot_img

    Задолжително носење на маските во здравствените установи, беше предложено на средбата на Комисијата за заразни болести на којашто се дискутирало за состојбата со коронавирусот.

    Според него, тоа е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација, како резултат на инфекција со ковид-19.

    Препораката ќе се достави до Министерството за здравство и министерот Меџити.

    Во однос на целокупната ситуација во земјата и бројот на лекови, како и вакцинацијата, било заклучено дека во моментов имаме доволно вакцини и лекови коишто можат да бидат на располагање.

    Засега нема препораки за маски во јавниот превоз и домовите за стари лица и лицата со посебни потреби. Околу носењето на маски во аптеките, Мехмедовиќ информира дека во тие објекти, препораките се неформални.

    Ова следува после појавата на подваријантата на коронавирусот, Ерис во околните земји, но и зголемениот број на ковид-случаи во Србија.

    Според портпаролот на КЗБ, во земјава има мал број на случаи на заразени со ковид-19. Сепак истакна дека не може лесно да се собере инфективниот материјал кој треба да се обработи.

    – Во моментов на Инфективната клиника има седум пациенти. Претежно се постари пациенти со коморбидитети и повеќето се на кислородна поддршка – информира д-р Мехмедовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img