Хрватска нема да увезува украинско жито. Откако Унгарија, Романија, Словачка и Бугарија, четири земји-членки на ЕУ, одлучија да воведат еднострана забрана за житото, но и за други производи од Украина, хрватскиот претседател Андреј Пленковиќ рече дека „очигледно дека овие земји забележале дека дел од тоа жито бил пласиран на нивниот пазар“, пренесува Нова.
Пленковиќ кажа дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинските министри јасно им е порачано дека „ставот и желбата на Хрватска е да биде транзитна земја, а не земја во која ќе дојдат огромни количества евтино жито од Украина па нашите земјоделци да имаат проблем“.На прашањето на новинарите дали Хрватска ќе оди во таа насока, Пленковиќ повтори дека хрватските пристаништа служат за транзит на украинското жито во трети земји.
– Целата идеја на коридорот на солидарност е замислена така да огромните количества украинско жито, и покрај бруталната руска агресија на Украина, да успеат да се извезат од Украина – кажа Пленковиќ.
Украина неодамна најави дека ќе одговори на потегот на некои земји на ЕУ да го забранат увозот.