Американскиот рапер Канје Вест се пофали со облините на својата нова сопруга Бјанка Ценсори и објави нејзина фотографија на својот инстаграм-профил додека таа пробува нова бизарна облека пред да се појави во неа на Модната недела во Лондон.
Овој пат 28-годишната архитектка се појави во плетено бело боди кое и беше длабоко исечено околу најинтимните делови, во кое го покажа речиси голиот задник, а на главата носеше украс од крзно под кој не и се гледаше лицето. Извор близок до парот откри за „Дејли мејл“ дека Канје одлично се забавувал додека ја снимал во вакво издание.
Инаку, Бјанка во последните неколку недели не престанува да шокира избирајќи бизарни комбинации во кои шеташе низ Италија и ги шокираше сите околу себе, дотолку што Италијанците побараа нејзино апсење или протерување од земјата.
Бјанка не обрнува внимание на ваквите коментари, па неодамна прошета во кратки шорцеви во друштво на 46-годишниот Канје, додека градите ги прекри со проѕирна лента која едвај ги држеше нејзините бујни облини. Таа мораше постојано да ја мести и поправа лентата преку градите.
Парот предизвика бурни реакции за време на долгиот одмор во Италија, од скандалозно однесување до непристојна облека.
ФОТО: Инстаграм