More

    Циципас „распали“ по првиот светски рекет

    spot_img

    Според бројките Новак Ѓоковиќ е број еден, но според влијанието Роџер Федерер е најдобриот на сите времиња во тенисот, оценува грчкиот тенисер Стефанос Циципас, моментно петти на светската АТП листа.

    Циципас (25) во не многу позитивен тон проговори за Новак Ѓоковиќ (36) кој е повторно лидер на АТП ранг листата и според многумина најдобар тенисер во историјата. Со неговата неодамнешна победа на УС Опен, Ѓоковиќ стигна до својата 24. грен слем титула, што е само еден од рекордите што ги постави и покрај тоа што се приближува до својот 40.роденден.

    – Гледајќи ги бројките, Ѓоковиќ е најдобар. Соборува еден по друг рекорд. Сè уште покажува глад за успех, иако веќе никому нема што да докажува. Таков е неговиот карактер. Никогаш не е среќен. Постојано се труди да му докаже нешто некому. Не знам што и кому. Така сака да се одмазди – изјави Циципас, кој со Ѓоковиќ има учинок од две победи и 11 порази.

    Битката за титулата најдобар во историјата на белиот спорт досега се води меѓу  Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. На прашањето кој имал најголемо влијание врз младите тенисери, Циципас нема дилема.

    – Ако тоа е критериумот, тогаш дефинитивно Федерер. Мислам дека никој нема да биде како него – одговори грчкиот тенисер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img