More

    Османи негира дека се сретнал со Груевски

    spot_img

    Шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ Бујар Османи демантира дека се сретнал со експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, сега во Будимпешта.

    Османи го објави демантот на својот личен фејсбук-профил, откако за наводна средба со Груевски вчера јавно беше прашан од лидерот на новоформираната партија во албанскиот опозициски блок – Демократско движење Изет Меџити.

    „Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?“ – напиша Меџити на Фејсбук.

    Неколку часа подоцна со демант се јави Османи.

    „Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“, напиша Османи на Фејсбук.

    Тврдењата за наводни средби ги демантираше и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во повеќе постови на социјалната мрежа.

    Експремиерот додаде дека сите наводи за негови наводни комуникации и средби или, пак, влијанија на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и, како што вели, наводите дека во изминатиот период имал средби со претставници на власта во врска со одредени прашања.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img