Премиерот Ковачевски му го честиташе на канцеларот Шолц јубилејното членство на Германија во ОН и големиот придонес што го дава Сојузна Република Германија во стабилноста и безбедноста на нашиот регион, Европа и светот.
Премиерот се заблагодари на канцеларот за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, што ја истакнува Германија како еднен од најблиските европски партнери на нашата земја.
На средбата е нагласено дека Германија ја очекува Северна Македонија во Европската Унија посочувајќи на фактот дека евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата. Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои, е единствена шанса да се осигура квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно, како што е оценето, македонските граѓани и државата е извесно дека ќе соочат со изолација на долг рок, што не од интерес ниту на Северна Македонија, ниту на регионот и Европа.
Премиерот Ковачевски се заблагодари на канцеларот Шолц за огромната поддршка која ја добиваме од Германија во демократскиот, евроинтеграцискиот и економскиот развој на нашата земја. Истата е јасно пресликана и во усвоената резолуција од страна на германскиот Бундестаг со која се потврдува нашата заложба за забрзана евроинтеграција со потврдени и признати македонски јазик, култура и идентитет “Ова е потврда за искреното разбирање што го има нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за потребите и националните и стратешки интереси на македонските граѓани“, рече премиерот Ковачевски на средбата со канцеларот Шолц.