More

    Сашко Јовев за „Фокус“ призна дека учествувал во инцидентот на Кардиохирургија

    spot_img

    Не е точно дека јас сум нападнал некого. Практично, јас пријавив вербален напад и само туркање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата, вели во изјава за „Фокус“ кардиохирургот и поранешен директор на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, Сашко Јовев.

    Неговата изјава следува откако претходно денеска Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека актуелниот директор на Клиниката, Марјан Шокаровски, бил физички нападнат од вработен во установата со иницијали С.Ј., кој, пак, самиот го пријавил нападот в полиција.

    – Не е точно дека јас сум нападнал некого. Нападoт е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален напад и само туркање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас – вели Јовев за „Фокус“.

    Од Министерството за внатрешни работи (МВР), претходно денеска во полициско соопштение информираа дека директорот на Клиниката за кардиохирургија претпладнево бил физички нападнат од вработен во Клиниката.

    Инаку, кардиохирургот Сашко Јовев во јуни годинава беше разрешен од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img