Во Данска се гради најголемата фабрика за вештачко млеко

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вештачкото кравјо млеко е производ на кој работат многу компании низ светот. Се смета за еколошки и ефтин за производство. На полиците на продавниците во САД веќе има прехранбени производи направени од него, а наскоро ќе се најдат во продажба и на европскиот пазар.

Израелскиот старт-ап „Ремилк“ ја гради најголемата фабрика во светот во Данска каде што ќе се произведува вакво млеко, а работата започна и во Германија.

Експертите објаснуваат дека се потребни само неолку клетки од квасец и бактерии кои произведуваат протеин кој подоцна служи како основа за многу млечни производи. За да се развијат се додаваат шеќер, витамини, вода и сол.

Процесот се одвива во големи садови од нерѓосувачки челик на температура од 30 до 40 степени Целзиусови. По неколку дена, добиениот млечен протеин се собира, се чисти и се суши во прав. Тоа ги прави стабилни за складирање и лесни за транспорт. Тие можат дополнително да се обработуваат – да речеме во млеко, јогурт, сирење.

Сопственикот на семејната млекарница на југот на Германија која има удели во израелската компанија  вели дека најголема предност на ова производство е малата потрошувачка на вода и дека првите проценки покажуваат дека микроорганизмите можат да заштедат 90% од водата во однос на конвенционалното производство.

Оваа млекарница планира на своите клиенти покрај класичниот асортиман на сирења да им понудат и посебна линија на овие иновативни производи. Тие нема да бидат достапни во Германија пред 2025 година.

На американскиот пазар веќе можете да ги купите првите млечни производи со протеини од лабораторија: сладолед, млеко, крем сирење, чоколадо и протеински фрапе во повеќе од 5.000 американски супермаркети.

Share This Article