Руските власти утринава соопштија дека во текот на ноќта собориле неколку украински беспилотни летала на анектираниот црноморски полуостров Крим, во московската област, како и во Белгород и Воронеж, во близина на границата со Украина.
Беспилотните летала беа пресретнати над западните, југозападните, северозападните и источните региони на полуостровот Крим, регионите Истра (запад) и Домодедово (југ), московскиот регион, регионите Белгород и Воронеж (југозапад)“, соопшти руското Министерство за Се вели во соопштението на одбраната.
Три беспилотни летала беа уништени во неделата навечер над југозападниот дел на Крим и уште еден во регионот Белгород, според Министерството.
Во последните месеци се зголемија нападите со беспилотни летала на руска територија и на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.